Добри вести за сите мајки, кои сакаат да ги гушкаат своите деца: новото истражување покажа дека нежното допирање на детето може да помогне тоа да стане подруштвена личност.
Ова истражување, кое е објавено во августовското издание на невролошкиот журнал „Церебрал Кортекс“ покажа дека фреквенцијата, со која родителот го допира своето дете е поврзано со развојот на „социјалниот мозок“ на детето.
Што тоа всушност значи? За да ја спроведат оваа студија, истражувачите набљудувале пет годишни деца додека си играле со мајките и броеле колку пати мајките ги допирале.
Потоа се сретнале со нив два дена подоцна и откриле дека децата, кои се допрени повеќе пати имаат повеќе активности во „социјалниот мозок“ (делот на мозокот, кој ни дозволува успешно да комуницираме со останатите човечки сушсетсва).