Колачи со сок од портокал

Од:

Потребно е:                           1 чаша=250 мл
1 чаша сок од портокал
1 чаша масло
500 гр маргарин (растителен)
1 мало лажиче сода бикарбона
3 лажици шеќер
7 чаши брашно
мелени ореви за валкање на колачињата

за шербет:
2 чаши вода
2 чаши шеќер

Подготовка:
– Прво направете го шербетот. Во едно тенџере ставете да се вари водата и шеќерот околу 20 минути. Оставете да се излади.

– Замесете тесто од горе наведените состојки. Со лажица вадете од смесата и ставајте во тава на хартија за печење.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени додека малку не поруменат.

– Оставете убаво да се изладат и така изладени ставете ги малку во шербетот и потоа увалкајте ги во мелени ореви.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски