Колач без глутен и јајца

Од:

Како денешен десерт подгответе го ова вкусно безглутенско слатко задоволство …

Потребно е:
100 гр оризово брашно
100 гр брашно од хељда
30 гр нишесте
1 пакетче прашок за пециво
2 пакетчиња ванилин шеќер
60 гр кафеав шеќер
100 гр путер
1 лажица мед
100 гр џем од јагоди
200 мл млеко
2 круши (околу 250 гр)

за преливот:
50 гр
 путер
40 гр кафеав шеќер
1 лажиче цимет во прав
3 лажици млеко

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги сите суви состојки: двата вида брашно, нишесте, прашок за пециво, шеќер и ванилин шеќер. Додадете го растопениот путер и измешајте.

–  Во друг сад на тивко загрејте го џемот од јагоди со медот. Ова додадете го во горната смеса и измешајте.

– Додадете го и млекото и повторно убаво измешајте. Смесата истурете ја во тава за печење (34х20 см) обложена со хартија за печење.

– Крушките исецкајте ги на тенки листови и распоредете ги на смесата во тавата.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Во меѓувреме во еден сад на рингла загрејте ги до вриење шеќерот, путерот, млекото и циметот. Тргнете го садот на страна.

– Со горната смеса прелијте го колачот и вратете го во рерна да се допече уште 5 минути.

– Оставете го убаво да се излади и послужете.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава