Коктел од лубеница и диња

Од:

Вкусен освежителен пијалок за овие жешки летни денови …

Потребно е:
1,5 кг лубеница
150 гр шеќер
200 мл бело вино
1 стапче ванила
1 лимон

Подготовка:
– Во сад на рингла ставете ги шеќерот, виното и стапчето ванила и оставете да се вари додека не проврие и потоа тргнете го на страна и оставете да се излади.

– Лубеницата и дињата исечете ги на коцки. Ставете ги во еден сад и прелијте ги со сокот од лимон. Додадете ги сите состојки и оставете го садот во ладилник околу 1 час.

– Разладениот коктел послужете го во високи чаши или во украсена кора од лубеница или диња.

– Овој коктел е одличен пијалок во овие врели летни денови.

Идеја: За да подобро изгледа чашата со коктелот рабовите на чашата намокрете ја со лимуновиот сок, а потоа поминете ја низ кристал шеќер.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски