Кокосовото масло помага при слабеење

Од:

Покрај вежбањето, исхраната има клучна улога во обидите за слабеење. Во таа смисла, кокосово масло и тоа како може да има позитивен ефект.

Кокосовото масло како додаток во исхраната, е добро за кожата, го намалува нивото на шеќер во крвта и значително придонесува за здравјето. Тоа е богато со витамин Е, антиоксиданти и полифеноли, кои помагаат во регулирањето на хормоните и така, донекаде спречува зголемување на телесната тежина.

Сепак, не секое кокосово масло е исто. Најдобро е тоа што не содржи многу заситени масти оти тие доведуваат до зголемување на нивото на холестерол и се одговорни за зголемување на тежината.

Истражувањата покажаа дека кокосовото масло го забрзува разградувањето на масните киселини, а тоа го забрзува метаболизмот и доведува до поголема енергија. Затоа, тоа е главна состојка во исхраната на спортистите.

Може да се користи на различни начини. Може да се подготви со зеленчукова салата или со кари. Но, не додавајте многу – само една до две лажици. Исто така, може да се додаде капка во чај или кафе.

Кокосовото масло е добро за здравјето, но тоа не значи дека може да го консумирате онолку колку што сакате. Околу 11 отсто од ова масло го чинат заситени масти. Тоа значи дека е доволно да се земат две лажици на ден, што е еднакво на 30 милилитри.

Би можело да ве интересира

Црното кафе може да помогне при слабеење

Ана Ололовска

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска