Производителите на газирани пијалоци, американските компании Кока-Кола и Пепси, денеска соопштија дека работат на отстранување на контроверзните состојки од своите пијалоци, како „Маунтајн Ѓу“, „Фанта“ и Пауерејд“.
Спорната состојка, позната како бромирано растително масло (БВО), се најде на удар на критичарите по онлајн петиција започната од тинејџерката Сара Каванаг од Мисисипи.
Употребата на бромирано растително масло не е дозволена во Јапонија и Европската унија.
Наместо БВО, Кока-Кола соопшти дека ќе користи сахароза ацетат изобутират, што не се користи како додаток повеќе од 14 години.