Случката за која веројатно сите ќе зборуваат во врска со овогодинешните Оскари, е моментот кога актерот Вил Смит излезе на сцена и го удри комичарот Крис Рок, откако направи неумесна шега за ќелавоста на неговата сопруга.
Вил Смит по ова се врати на своето место викајќи кон комичарот да не го споменува името на неговата сопруга – Џејда Пинкет Смит.
Џејда е актерка и пејачка, која јавноста ја запозна во музичките спотови “Keep Ya Head Up” и “Temptations” на легендарниот рапер Тупак.
Го запознала Вил Смит во 1994, на сетот на снимањето на “The Fresh Prince of Bel-Air”, кога била на аудиција за да ја глуми неговата девојка, но не ја добила улогата бидејќи сметале дека е прениска во споредба со него.
Тие подоцна почнале да се забавуваат, па Џејда од Балтимор се преселила во Калифорнија заради него. Набрзо потоа се венчале, и имаат две деца, синот Џејден и ќерката Вилоу. Џејда од 2018 година се бори со алопеција, автоимуна состојба која предизвикува опаѓање на косата.