Наполеон рекол „Географијата ни е судбината“, притоа се разбира можеби сакал да каже и дека таму каде што сме родени, местотo ни одредува кој пијалок најмногу ќе го пиеме, а можеби и не.
Како и да е според картата на Европа, на која се прикажани кои пијалоци каде се пијат најмногу, во истокот и северот на Европа е најмногу доминираат дестилираните пијалаци, во централниот појас пивото, а во јужниот дел на стариот континент живеат љубителите на виното.
Според климатските услови, токму во тие краеви тоа што најмногу се пие, има и најголеми услови да се произведува. Па, очигледно Наполеон имал право, барем ако мислел на пијалокот.