Кој повеќе му приговара на партнерот: мажите или жените?

Од:

Мажите често се жалат на претераната уредност на жените, како и на нивното раководење со домашниот буџет, додека жените мислат дека нивните партнери треба да бидат почисти, поромантични и повешти…

Иако жените се остварија на многу животни полиња, резултатите од најновото американско истражување покажуваат дека во партнерските односи малку работи се промениле на подобро.

Дури 68 отсто од дамите многу повеќе им приговараат на партнерите, додека 41 од мажите немаат забелешки кон нивните избранички. Паровите во долгите врски и натаму имаат исти проблеми, како и пред пет децении.

На пример мажите сакаат нивните жени подобро да готват и почесто да водат љубов со нив, додека жените мислат дека нивните партнери треба да бида почисти, поромантични и повешти мајстори за поправки во домот.

На припадниците на посилниот пол сексот им е на врвот на листата, а кај дамите тој не успеа да влезе ниту во десетте најважни работи во заедничкиот живот. Жените би сакале нивните партнери да знаат да готват, а не им е помалку важна ниту нивната желба за дружење со заедничките пријатели. 

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска