Кој најмногу заработува на Инстаграм?

Од:

Инстаграм „Листaтa на богатите 2019“ се заснова на тоа колку еден инфлуенсер може да наплати и заработи за една објава, како и на просечниот негов број ангажмани и бројот следачи на оваа друштвена мрежа.

Веќе втора година по ред, ѕвездата од реалните шоуа, Кајли Џенер е на врвот на оваа листа, годинава и со поголема заработка. Таа за една објава на Инстаграм во просек наплатува 1,26 милиони долари.

Зад неа е Аријана Гранде со 996.000 долари, додека трет е фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, чиишто објави просечнно вредат по 975.000 долари.

На четврто место е Ким Кардашијан со 910.000 долари. Следуваат поп-пејачката Селена Гомез (886.000 долари), глумецот Двејн Џонсон „Д Рок“ (882.000 долари) и седма е Бијонсе (785.000 долари).

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски