Јасен знак дека момче во една девојка почнал да гледа нешто повеќе од пријателка, се неговите пораки, поточно ако почне да и се јавува секојдневно.
Еве неколку „докази“ дека тој прохавува интерес за повеќе од пријателство.
1. Пораки
Јасен знак дека момче во една девојка почнал да гледа нешто повеќе од пријателка, се неговите пораки, поточно ако почне да и се јавува секојдневно, по неколку пати, дури и тогаш кога не постои вистинска причина за тоа. Посебно ако неговата порака е последна што девојката ќе ја прочита пред спиење или прва која ќе ја види за добро утро.
2. Изглед
Ако момчето почне да вложува големи напори во својот изглед, кога треба да се види со другарката? Хм…
3. Нови работи
Кога чувствуваме привлечност кон друго лице, често со тоа лице сакаме да поделиме детали од својот живот. Ако момчето почне на девојката да и открива работи кои се уште не ги слушнала, постои шанса дека тоа сака нешто повеќе.
4. Изненадувања
Едно е кога пријател ќе иненади девојка за роденден, но сосем нешто друго ако почесто се труди да ја изненади со некој убав гест или ситница.
5. Секогаш е слободен
Ако девојка ну се допаѓа на момче тој ќе сака да помине што подолго време со неа и секогаш наоѓа слободно време за тоа.
6. Уште неколку знаци
Уште неколку јасни знаци дека момчето сака нешто повеќе, се и следните: се смее апсолутно на секоја нејзина шега, се почесто иницира физички контакт, станува попристоен и посериозен. Со други зборови, ги испробува сите тие мали нешта, со кои би можел да ја импресионира и освои.
Исто така, ако се возбудува повеќе од девојката, поради некои нејзини проблеми, тогаш се е јасно.