Децата играјќи забораваат, а некои со сите сили се трудат да ја одбегнат водата, не сфаќајќи колку им е потребна. Педијатрите нудат неколку совети како да ги натерате децата да пијат вода.
Овошјето и зеленчукот содржат од 70 до 95 отсто вода. Зелената салата, краставици, јагоди и љубеница се вистински избор. За да го направите моментот на хидрација интересен, замрзнете сок од јаболка во чаша за време на летните жештини.
Овошниот јогурт е полна со вода, дури и до 80 отсто, а покрај тоа содржи и доста овошје. За да ги намамите децата, измиксирајте во блендер јогурт и 100-200 грама малина, јагода или боровница. Така ќе добиете здрава, хидрирана ужина.
Овесната каша, гравот и тестенините во текот на подготовката апсорбираат вода и тоа повеќе од 50 отсто од својата тежина. Затоа користите ги и пронајдете креативни начини да ги употребите во исхрната на вашето дете.