Коцки со кајсии и ореви

Од:

Наместо кајсии може да користите и некое друго овошје …

Потребно е:

1 кесичка сув квасец
120 мл топло млеко
1 лажиче шеќер
480 гр брашно
1/2 лажиче сол
250 гр ладен путер
4 жолчки
1 ванилин шеќер
изрендана кора од 1 лимон

за филот од ореви:

130 гр шеќер
240 гр мелени ореви
1 ванилин шеќер
за филот од кајсии:
1 кг кајсии
сок и изрендана кора од 1 лимон
1 л вода
5 лажици нишесте
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер

за шлагот од белки:

4 белки
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
60 мл вода

Подготовка:

– Прво направете го филот од кајсии. Излупете ги кајсиите, извадете им ги семките и исечете ги на помали парчиња. Сипете 2/3 од водата во поширок сад на рингла и оставете да почне да врие. Додадете ги исецканите кајсии и оставете повторно да почне да врие.
– Во друг сад измешајте ги нишестето, шеќерот, ванилиниот шеќер и остатокот од водата и убаво изматете да добиете хомогена смеса без грутки. Оваа смеса сипете ја во смесата кај кајсиите и варете додека да се згусне. На крај додадете ги сокот и изренданата кора од лимон и оставете да се излади.
– За филот од ореви, во еден сад измешајте ги сите состојки.
– Преминете на подготовка на тестото. Во еден сад ставете ги квасецот, млекото и шеќерот и убаво измешајте ги.
– Во друг сад ставете ги брашното и солта и додадете го путерот исечен на коцки. Со раце втријте го путерот во брашното додека да добиете парчиња со големина на зрно грашок. Додадете ги ванилиниот шеќер, изренданата кора од лимон, жолчките и квасецот. Замесете меко тесто.
Коцки со кајсии и ореви1
– Тестото поделете го на три дела. Секој дел развлечете го со големина на тавата во која ќе го печете колачот (38х25 см).
– Тавата за печење настете ја со масло и малку посипете ја со брашно.
Коцки со кајсии и ореви2
– Ставете ја едната кора на дното на тавата и одозгора рамномерно распоредете го филот од ореви.
– Сега ставете ја втората кора и одозгора распоредете го филот од кајсии.
– На крај ставете ја и третата кора и ставете да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени 45-50 целзиусови степени.
– Печениот колач оставете го убаво да се излади и тогаш направете го шлагот од белки.
– Во еден сад ставете ги белките, шеќерот, ванилиниот шеќер и водата. Во друг сад сипете вода околу 1/3 од садот и ставете да се вари. Салете ја температурата и над овој сад ставете го садот во кој се белките и шеќерот. Загревајте ги со постојано мешање околу 3 минути.
– Тргнете ги загреаните белки на страна и изматете ги со миксер додека не добиете цврст и сјаен шлаг, некаде околу 5 минути.
– Со готовиот шлаг веднаш премачкајте го печениот колач. Потоа прекријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер убаво да се излади.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава