Да се најдат финансии за да се организира голема свадба, па уште и за одење на меден месец во време на економска криза, не е нималку лесно. Но, овие младенците смислиле генијална идеа како за нивното венчавање да добијат се, а да не вложат пари.
Знаејќи дека не можат да поднесат трошоци и кредити за венчавката, идните младенци Кортни Мекензи и Џамил Невил одлучија да се обидат со нешто што ќе им донесе огромна заштеда.
Идеата е едноставна. Тие повикаа голем број компании да бидат спонзори од сите аспекти на нивната свадба која ќе се одржи на 14 декември на Тајланд. На пример, кој ќе вложи поголема сума пари со кои ќе се покријат трошоците од одредена ставка, логото на фирмата ќе се најде испишана на венчаницата на невестата и костумот на младоженецот, па дури и на костимите за капење кои ќе ги носат на медениот месец.
– Одлучив да ги спојам моите две љубови, Џамила и маркетинг. Ако успееме да ги собереме тие 30.000 долари, нема воопшто да ни пречи да бидеме патувачка реклама. Спонзорите преку социјалните мрежи ќе ги рекламираме и во текот на целиот меден месец. Не сме материјалисти, туку само сакаме да направиме убава свадба согласно нашите финансиски можности. Се сакаме, а тоа е најважно, со логото и без него – рече Кортни која го осмисли овој проект.