Кинез две години успешно ракводел со сопствена полициска станица

Од:

Еден Кинез во својата куќа направил лажна полициска станица, од каде цел две години издавал документи и давал други услуги на граѓаните, кои, секако, ги наплаќал.

Тој се претставувал како „инспектор Леи“ и еден дел од неговата куќа ја „прилагодил“ во полициска станица, украсена со кинеско знаме и статуa на Мао Це Тунг, во која имало и просторија за сослушување.

Лажниот инспектор имал полициска униформи, лисици, уред за следење и надзорна камера, а на автомобилот дури мотирал и сирена, објави „Чутијан Метрополити Дејли“.

Но, работата му „цветала“ се додека не се распаднала поради љубов.

Имено, тој се запознал со една девојка, која исто така ја уверил дека е полицаец, но кога таа решила да ја прекине врската со него, „инспекторот“ почнал да ја уценува. Тој и се заканил дека ако го напушти ќе мора да плати голема сума или во спротивно ќе објави снимки со сцени додека воделе љубов, што тајно ги снимил.

По ова девојката уцената ја пријавила во полиција, која за кусо време ја разоткрила целата измама и го уапсила лажниот „колега“.

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски