Кејт Мидлтон испрати божиќно писмо – „Љубовта е најголемиот подарок“

Од:

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, рече дека љубовта е најголемиот подарок што луѓето можат да си го дадат едни на други во порака до гостите кои ќе присуствуваат на нејзината годишна божиќна служба во Вестминстерската опатија во Лондон следната недела.

Концертот на Божиќните песни на 6 декември, четвртиот што таа го води, е и повод за нејзиното најзначајно враќање на кралските ангажмани откако беше подложена на превентивна хемотерапија за рак.

Во писмото испратено на адресите на 1.600 гости, Кејт (42), сопругата на престолонаследникот, принцот Вилијам, се навраќа на темите за љубовта и потребата од емпатија, за кои зборуваше во претходните многу лични изјави и видео соопштенија за нејзиното здравје.

„Божиќ не е само време за славење, туку и за размислување и ослободување од притисоците на секојдневниот живот“, се вели во нејзиното писмо.

„Божиќната приказна ги одразува нашите ранливости и колку луѓето имаат потреба еден на друг и покрај нивните разлики“, рече таа.

„Пред сè, нè поттикнува да се свртиме кон љубовта, а не кон стравот“, напиша таа.

„Таа љубов е најголемиот подарок што можеме да го добиеме. Не само на Божиќ, туку секој ден од нашиот живот“, рече таа.

Вилијам, кој претходно овој месец изјави дека била „брутална“ година за кралското семејство, со третманот на Кејт по дијагнозата на рак на неговиот татко, кралот Чарлс, ќе чита за време на службата.

Би можело да ве интересира

Кејт Мидлтон им се враќа на обврските – го дочека катарскиот емир и неговата сопруга

А1он

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Маскирани крадци влегоа во замокот „Виндзор“ додека Кејт и Вилијам со децата спиеја во близина

А1он

Се појави фотографија од Кејт Мидлтон од студентските денови

А1он

Нивните расправии се сериозни, таа има начин да се справи со Вилијам

Предраг Петровиќ

Се јави Кејт Мидлтон, има порака