Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон денеска присуствуваше на свечениот прием на емирот на Катар и неговата сопруга во Лондон, пред британското кралско семејство, додека кралицата Камила ја пропушта оваа средба поради последици од инфекција на белите дробови, која и била дијагностицирана на почетокот на минатиот месец.
Појавувањето на принцезата од Велс се смета за нејзин најважен ангажман откако започна лекувањето на ракот, оваа година.
Кејт Мидлтон, минатиот месец присуствуваше на церемонијата на Денот на сеќавањето во Лондон, пред која неколкупати беше рекламирана, а ја видовме и во ненадејни посети со принцот од Велс.
Таа присуствуваше на официјалната прослава на роденденот на Чарлс Трети во Лондон на 15 јуни и на доделувањето на трофејот на Вимблдон на 14 јули како дел од нејзините традиционални обврски.
Таа објави дека боледува од рак на 22 март, речиси точно два месеци откако имаше тешка операција на абдоменот во приватна болница во Лондон.