Казна од 439 евра – радарот ја фати дека „зборува на мобилен“ додека вози, а жената држеше мраз на образот

Од:

Девојка која се враќала од стоматолог откако ѝ биле изваден умникот, тој ден нема да се памети само по болката, туку и по фактот дека остана без 439 евра.

Треба да ја плати казната откако камерата ја сними. Бизарната казна дојде откако камера на автопатот ја регистрираше кесата на образот, како мобилен телефон.

Флортје Штајгенга од холандскиот град Ден Бош е казнета со 439 евра затоа што погрешно е препознаена дека користи мобилен телефон додека вози.

Всушност држи кеса со мраз на образот, веднаш откако ѝ бил изваден умникот. Снимена е од надзорна камера на автопатот А2, во близина на Бокстел, на почетокот на јули годинава.

Откако хирургот ѝ го извади умникот, Флортје директно се упати на работа, возејќи го автомобилот на својот сопруг, со мраз на лицето поради оток и болка.

Надзорната камера го регистрираше нејзиното движење како користење мобилен уред додека вози. Неколку дена подоцна, на домашната адреса пристигна казна. Во извештајот се вели дека е фатена со мобилен електронски уред во рака додека вози“.

До мене имаше полициско возило и си помислив: само за да не мислат дека зборувам на телефон со оваа кеса на образот“, изјави Флортје за локалните медиуми.

Како што рече, полицајците не реагираа, но радарот малку подалеку беше повнимателен“.

Кога се врати дома и ја отвори поштата, веднаш ја виде казната.

Веднаш знаев дека сум јас бидејќи го возев автомобилот на мојот сопруг“, додаде таа.

Флортје побара фотографија од камерата и кога ја анализираше снимката, сфати дека станува збор за очигледна грешка.

Пулсот ми се исклучи кога ја видов фотографијата. Таа кеса со мраз е многу поголема од телефонот. Ако погледнете внимателно, можете да видите дека мојот телефон е всушност во држачот на контролната табла“, објасни таа.

Додаде дека речиси никогаш не се јавува на телефон додека вози и дека ситуацијата ја збунувала сè додека не се сетила на посетата на стоматолог.

Таа одлучи да се жали на казната.

Би можело да ве интересира

Властите во пристаништето Ротердам сериозно се подготвуваат за војна со Русија

Хаос на улиците на Амстердам: Две пукотници за половина час, еден маж е тешко повреден

Кралицата на Холандија подари ѕвоно направено од руско оружје на црква во Чешка

Брекелманс: Кина ги шпионира холандските високотехнолошки сектори

Холандската централна банка ги преупредува граѓаните: Имајте пари дома

Катерина Ѓуровски

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата