Во пресрет на Свети Валентин, во Канада пресметаа колку чинат чоколадните бонбони и букетите, периодот на додворување и излегувањата, што најчесто завршува со веридба и свадба. Се покажало дека за тоа се потребни 43.842 долари.
Околу 44.000 долари во просек трошат Канаѓаните за време на првата година забавување со партнерот, со кој планираат да живеат „долго и среќно“.
Канаѓаните признаваат дека само во периодот на средбите се трошат во просек околу 7.000 долари, претежно за билети за кино, цвеќиња и облека.
Веридбата изнесува 10.000 долари, додека свадбата околу 22.000 долари.