Актерката се повлече од снимање филмови во 2014 година. А сега, како што објавија таблоидите, Камерон Дијаз ја прекинува пензијата за да глуми со Џејми Фокс во нов филм во продукција на „Нетфликс“.
Во режија на Сет Гордон од Horrible Bosses, претстојната комедија со соодветен наслов „Враќање во акција“ треба да излезе в година. Дијаз и Фокс повторно се обединуваат по глумата во „Ани“ од 2014 година. Тој римејк на филмскиот мјузикл се покажа како последниот проект на Дијаз пред да објави дека се повлекува.
По дебитирањето со Џим Кери во комедијата „Маска“ од 1994 година, Дијаз продолжи да глуми во некои од најголемите филмови во следните две децении.
Можеби најпозната по улогите во серијалите „Шрек“ и „Чарлиевите ангели“, Дијаз стана позната и по романтичните комедии, како „Празникот“, и по мрачните драми, како „Бандите на Њујорк“ и „Небо од ванила“.