Камерон Дијаз: Душата ми е мирна откако заминав од Холивуд

Од:

Во разговор со колешката Гвинет Палтроу што беше пренесуван во живо на Јутјуб, американската актерка Камерон Дијаз рече оти „душата ѝ е мирна“ откако го напуштила Холивуд.

– Имам мир во душата, зашто конечно можам да се грижам за себе. Чудно е, знам. Многу луѓе нема да го разберат ова. Ама, знам дека ти разбираш, ѝ рече Дијаз на Палтроу, која освен водителка, е исто така и глумица.

Актерката Камерон Дијаз со нејзиниот сопруг Бенџамин Меден

„Лошата наставничка“, како што беше насловен последниот нејзин филмски хит, натаму вели дека сега е ослободена и од притисокот на јавноста.

– Koгa работиш на филм, тие те поседуваат. Постојано те следат… Немаш време за ништо друго, вели Дијаз.

Откако ја напушти филмската сцена, таа се омажи за Бенџамин Меден, а во јануари годинава тие ја добија и ќерката Радикс. Во меѓувреме, Дијаз лансираше и свој бренд вино.

Би можело да ве интересира

Селена Гомез ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот

Ана Ололовска

Џејсон Присли прозборе за Шенен Доерти и нејзината битка со ракот

Ана Ололовска

Почина Мајкл Чепмен, познат по филмот „Таксист“

Ана Ололовска

„Чувари“ триумфираше со 10 „Еми“ награди

Ана Ололовска

Листа од 26 песни кои Двејн Џонсон – „Карпата“ ги слуша додека тренира

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џон Легуизамо ќе ги бојкотира наградите „Еми“

Ана Ололовска