Калиопи Фан Фестивал избира најдобро караоке

Од:

Kaliopi Music Production & Kaliopi Facebook Fan Page Ви го представуваат Kaliopi Fan Festival како вистинско освежување за топливе летни денови.

Се избира најдобро караоке за некоја од песните од новиот албум „Мелем”!

Фестивалот се одржува oнлајн, има забавен карактер и се одвива во три дела.

Фокусиран е на социјалните мрежи, пред се, на официјалната Фејсбук фан страна на Калиопи, на Твитер, како и на Јутјуб и Инстаграм.

– Во првиот дел, кој што траеше до 25. јули, по пат на гласање, обожавателите ги одбраа трите песни од албумот „Мелем“ за кои би сакале да снимат своја караоке интерпретација, а тоа се песните „Мелем“, „Мрвица“, и „Вучица“.

– Во вториот дел, кој што ќе трае до 25. август, трите избрани песни се поставени како караоке верзии на официјалниот Јутјуб канал на Калиопи и обожавателите од таму можат да ги преземат и да ги користат за снимање на своите караоке интерпретации.

– Третиот дел од фестивалот, кој ќе трае 25.08 – 10.09.2013, се состои од гласање за снимените и испратени видеа, кои ќе бидат поставени за гласање. За најдобрите тројца учесници следат вредни награди:

I награда – викенд со дестинација во Македонија, запознавање и дружење со Калиопи;
II награда – ВИП третман, влезници и присуство во бекстејџ на еден од големите концерти на Калиопи планирани за оваа есен;

III награда – албумот „Мелем“ и бројни аксесоари со посвета од Калиопи.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ