Кога сме вљубени, среќни сме и опуштени, што е многу корисно за нашето здравје.
1. Поради љубовта сме повитки
Адреналинот кој се создава во нашето тело кога сме вљубени, го намалува и нашиот апетит.
2. Поради љубовта изгледаме помлади
Вљубеноста го поттикнува развојот на хормонот DHEA, кој се смета за еликсир на младоста, бидејќи влијае врз зголемувањето на нивото на бета-ендорфинот во мозокот. Тоа придонесува за зголемено либидо, поголема желба за живот, намалување на стресот.
3. Поради љубовта живееме подолго
Според истражувањето на Универзитетот Јута, оние вљубени, на кои љубовта им е возвратена, живеат подолго од самците. Кога се чувствуваме посакувано се зголемува нашата самодоверба, а со тоа се намалуваат и шансите да страдаме од депресија.
4. Поради љубовта имаме подобро паметење
Љубовта го подобрува растот на новите клетки во мозокот, открива едно италијанско истражување, поради кои паметиме и најмали детали, кои инаку би ги сметале за неважни.