Како правилно да се измие овошјето и зеленчукот?

Од:

Придржувајќи се до неколку едноставни совети, заштитете се себе и семејството од труење со суровите намирници.

Пред чистењето на овошјето и зеленчукот, потребно е да ја исчистите и работната површина, даските и приборот за сецкање и добро да ги измиете рацете со сапун и топла вода. Ако приборот не е чист, бактериите од површината на суровата храна можат да дојдат во внатрешноста во текот на сецкањето и лупењето.

Овошјето и зеленчукот за да бидат здрави за јадење, потребно е добро да се измијат за да ги отстраните сите бактерии и хемикалии кои се наоѓаат на површината, а плакнењето по млаз вода често не е доволно.

Зелениот лиснат зеленчук потребно е да се раздвои и да се држи потопен во вода неколку минути. Потоа листовите треба да се исцедат и да се повтори постапката. Водата ќе биде доволна за зеленчукот со органско потекло, но ако не сте сигурни во методот на одгледување, измијте го и со оцет.

Измешајте две чаши вода со половина чаша дестилиран бел оцет и во мешавината натопете ги листовите зеленчук 5 минути, па исплакнете ги со чиста вода. Исушете ги со чиста кујнска крпа. Така се намалува, но не и отстранува присуството на бактерии, а оцедот делумно може да делува на текстурата и вкусот на храната.

Зеленчукот како брокулата и карфиолот потребно е да ги држите во ладна вода една минута пред миењето со вода или со комбинацијата на оцед и вода. Зеленчукот и овошјето со дебела кора, како доматите и мангото, потребно е пред миењето да ги исчеткате со четка наменета исклучиво за сирови намирници.

Потребно е да се измијат и плодовите чија кора не се јаде, како лубеница и диња, за бактериите од површината да не дојдат на месото во текот на сечењето. Повеќето бактерии ќе се задржат и на остатоците на земјата со која некое овошје и зеленчук можат да бидат прекриени. Во тој случај е потребно најпрво да ги исплакнете намирниците под млаз вода, потоа е добро да ги истриете па тогаш да ги подготвите за јадење. Освен оцед, против пестицидот и бактериите делува и комбинацијата на сол и лимонов сок. Наполнете сад со вода и додајте во неа лажичка сол и сок од еден лимон. Во мешавината ставете ги зеленото овошје или зеленчукот и оставете ги да отстојат 10-15 минути. Потоа исплакнете ги со млаз вода, исушете ги и послужете ги.

Доколку не сакате да ги миете намирниците со ништо друго освен со чиста вода, тогаш потопете ги во текот на ноќта во вода и следното утро исплакнете ги со млака вода. Зеленчукот и овошјето не ги мијте веднаш по купувањето, зошто така брзо ќе се расипе. На било кој од наведените начини измијте ги намирниците непосредно пред употребата.
Спрејот за отстранување на хемикалии мора да делува барем десет минути.

Зеленчукот и овошјето можат да се измијат и со помош на спреј едноставен за подготовка. Купете шишенце со аеросоли и измијте го. Во него додадете лажица свежо исцеден сок од лимон, две лажици оцет и 250 мл вода. Затворете го добро и силно протресете за да се измешаат состојките. Овошјето и зеленчукот пред употреба ипрскајте ги со таа мешавина, оставете да делува десетина минути и исплакнете ги под млаз ладна вода. Избришете ги со чиста крпа пред пилингот и сецкањето. По плакнењето, вкусот и мирисот на оцедот нема да се чувстува.

Најмалку се третираат зелка, модар патлиџан, карфиол и ананас.

Внесот на овошје и зеленчук третирани со пестициди може да се намали со купување на органска произведена храна, но тоа за многумина е финансиски неприфатливо.

Доколку не можете да дојдете до органски намирници, бирајте ги оние кои се третираат со пестициди. Во таа група спаѓаат зелката, лукот, аспарагусот, модриот домат, дуњата, карфиолот, мангото, кивите, авокадото, ананасот и портокалите.

Меѓутоа, кај агрумите треба поголемо внимание и не се препорачува употреба на нивната кора, на пример во подготвување на колачи.

24 sata.hr

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ