Како да се справите со разделбата?

Од:

Време е за нов почеток. После бурна разделба не дозволувајте да се претворите во разгалено детиште. Еве како со дигната глава да се преболи разделбата од момчето.

1. Блокада на Фејсбук

Не треба да ве интересира со кој се гледа, ниту да ве погодува ако видите некоја негова фотографија на Фејсбук на која се гледа колку му е убаво без тебе. Блокирајте го и продолжи понатаму.

2. Пријателките се спасот

Во почетокот ќе биде тешко, но никако немојте да дозволите да се потопите во море од солзи и да гледате романтични комедии и драми сами. Повикајте ги пријателките и и преболете заедно.

3. Мобилниот е најлошиот непријател

Знаеме дека ќе се појави потреба да се испрати порака, посебно по излегувањето со многу алкохол. Замолете ја пријателката да ви го чува телефонот и по никоја цена да не ви го даде.

 4. Надворешен свет

Нема потреба другите да ги оптоварувате со вашите љубовни проблеми, тие тоа не сакаат да го слушнат. Затоа тука се блиските пријателки.

5. Најдете ново хоби

Вежбајте, трчајте, шетајте, одете на јога, тенис… Танцот секогаш е одличен. Зошто би го губеле времето во плачење кога можете да направите нешто добро за себе.

6. Подалеку од додворувачи

Не ви треба ново момче веднаш по раскинувањето. Повредени сте, а критериумите ви се многу под прифатливо ниво. Дајте си себе време.

7. Не одговарајте му на пораките

Крај за крај, а нова порака од старото момче е искушение кое ќе ве натера да ја повторите истата грешка. Тоа е магичен круг. Ако ви испрати порака, наместо да одговорите, повикајте ја пријателката или излезете на шетање.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска