Вашето момче почнува наеднаш да покажува знаци на љубомора и додека вие инстистирате дека нема причина за грижа, изгледа дека тој не може да излезе на крај со своите негативни чувства. Ви звучи познато? Еве што можете да преземето во тој случај:
Размислете за потенцијалните причини за неговата љубомора
На момент обидете се да се ставите на негово место. Добро размислете за своето однесување и дали сте му дале причина за биде љубоморен. Можеби неодамна сте флертувале со некој колега од работа? Сте му посветиле премногу внимание на некој од неговите пријатели? Дури и доколку вашите постапки излегаат наивно, одвојте некое време за објективно да согледате зошто вашето момче се чувствува така. Можеби ќе заклучите дека вашата љубомора несвесно сте ја предизвикале, па тоа себе убаво признајте си го.
Фокусирајте се на решавање на проблемот
Доколку бидете невнимателни, разговорот за ова прашање може брзо да се претвори во негативна повратна реакција, која не ве води никаде. Наместо да го претресувате проблемот со негирање и обвинување, насочете го разговорот на директна акција. Прашајте што можете да сторите за тој да се ослободи од својата несигурност и со неколку едноставни чекори и мали знаци на љубов да му помогнете подобро да се чувствува.
Немојте се да им пренесувате на пријателките
Кога ќе се скарате со момчето мошне е примамливо да ги повикате своите пријателки и чесно да им се пожалите. Меѓутоа во случајот со неговаата љубомора тоа може само да ги влоши работите. Почитувајте ја неговата приватност и вашата врска, задржувајќи го проблемот меѓу вас.
Посветете му се
Големи се шансите дека во случај на испади на љубомора се всушност се врти околу недостиг на внимание. Доколку тој чувствува дека добива доволно внимание од вас, тогаш нема премногу да се грижи за тоа како комуницирате со останатите. Обидете се да му покажете дополнителна наклоност, кога сте во друштво на други луѓе, бидејќи тој треба да знае дека ви е најважен.