Авокадото е овошка, карактеристична по зелената боја и по тоа што има една голема семка во средината. Најчесто се користи во салати и макала. Има многу кремаста текстура и неутрален вкус, па затоа се комбинира и во блага и во солена варијанта.
Сечењето на авокадото најчесто претставува проблем, особено ако никогаш до сега не сте земале авокадо да исечете со нож. Уште повеќе, ако во салата која ја подготвувате треба да пресечете полумесечники или мали мали коцкички.
Преку слики, погледнете како правилно и лесно да исечете авокадо за било каква намена при готвењето:
1. Коцкички авокадо
– Земете го авокадото во рака и пресечете го околу со остар нож.
– Внимателно, острицата од ножот забодете ја во тврдата семка и свртете го ножот еднаш за да излезе семката со ножот.
– Пресечете надолжно и попречно за да ви излезат коцкички.
– Коцкичките авокадо извадете ги со лажица и веднаш исцедете врз нив лимонов сок за да не потемнат.
2. Полумесечинки од авокадо
– Откако ќе го пресечете авокадото и ќе му ја извадите семката, пресечете ја едната половина на пола. Така, кожичката сама ќе падне (доколку авокадото е зрело).
– Исто така, од половинките авокадо, може со нож внатре, да сечете по должина, па со лажичка да ги извадите парчињата. И врз нив, не заборавајте да исцедите сок од лимон.
Откако ќе го исечете авокадото на парчиња по ваша желба, направете гвакамоле, сос од авокадо, такоси, пилешка салата со авокадо и фета сирење, зелена салата со рукола и авокадо или пролетни ролнички.
Изборот е голем и е ваш.