Како да ослабнете без диета и гладување?

Од:

Намалувањето на килажата е процес во кој се вклучени многу фактори. Тоа значи дека не мора да гладувате и да трчате секојдневно, туку треба да се откажете од пет навики, без кои слабеењето е загарантирано.

1. Прескокнувате оброци

Повеќето луѓе се обидуваат да ослабнат со тоа што мислат дека ако помалку јадат успешно ќе стигнат до целта. Но станува збор за спротивен ефект за кој мора да сте свесни.

Ако јадете само еден обемен оброк дневно, тогаш вашето тело од тој масовен внес на храна ќе се обиде да извлече што повеќе, поради што доаѓа и до дебелеење.

Исто така, доколку го прескокнувате доручекот, вашето тело ќе создаде силна потреба за храна поради што ќе јадете многу повеќе. Јадете по 5 мали оброци дневно, односно секогаш кога ќе почувствувате глад, каснете по малку.

2. Јадете пребрзо

Докажано е дека сите што јадат пребрзо и кратко ја џвакаат храната, јадат за една третина повеќе од другите. Во тој случај, чувството за ситост ќе се јави многу подоцна, поради што доаѓа до прејадување.

Ако сакате успех, ставајте помала количина на храна во устата и џвакајте ја додека не се претвори каша, па потоа голтајте.

3. Внесувате премногу кофеин

Докажано е дека премногу кофеин во организмот го крева нивото на кортизол-хормонот на стрес кој се ослободува во телото.

Исто така, кортизолот стимулира желба за храна, односно го засилува чувството на глад поради што има потреба за повеќе храна и јадење отколку што е потребно. Ако сте љубител на кафето, тогаш дневната навика сведете ја на две шољи, а потоа на само една шоља дневно.

4. Предоцна одите на спиење

Ако одите на спиење премногу доцна, во вашето тело почнуваат да се случуваат промени во однос на хормоните, кои го активираат чувството за глад.

Дисбалансот на овие хормони предизвикуваат силна желба за храна, која се јавува во вечерните часови. Доколку сакате да го избегнете ова-тогаш рано на спиење.

5. Ја игнорирате желбата за вода

Една од нус појавите на дехидрацијата е чувството на глад кое се јавува доколку ги занемариме сигналите за жед кое ги праќа нашето тело. Многумина признаваат дека немаат потреба за внесување на течности, но станува збор само за лоша навика.

Вашето тело има потреба за вода, и затоа треба да се придржувате на златното правило од минимум 7 до 8 чаши вода дневно.

Исто така, чаша вода пред јадење ќе предизвика чувство на ситост па ќе јадете многу помалку. Заборавете на засладени пијалоци и посветете се на водата, која ги топи килограмите.

Би можело да ве интересира

Црното кафе може да помогне при слабеење

Ана Ололовска

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Ослабни со липо пакет и добиј подарок GE132

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска