Една Турчинка решила да се пошегува со нејзиниот сопруг во текот на натпреварот меѓу Турција и Хрватска на Европското првенство и за целиот настан снимила видео кое со денови ја засмејува интернет заедницата во Турција.
Гледајќи како нејзиниот сопруг е внесен во натпреварот, таа почнала со помош на апликација на мобилниот телефон да го исклучува телевизорот при секоја шанса за гол на некој од тимовите.
Мажот во почетокот изговарал пцовки, а потоа во еден момент неговото трпение ги надминало сите граници па почнал да расфрла пуканки по станот, за на крај со сета сила да фрли лаптоп кон телевизорот.
На крајот, јуначки плукнал на „мртвиот непријател“, а потоа уште малку скокал врз него.
Се разбира, како и секогаш постои можност се да е наместено и одглумено, а во тој случај се надеваме дека снимањето на ова видео ќе им се исплати, затоа што е направена голема штета.