Како да ја надминете првата љубов

Од:

„Нема друга како првата љубов“, па затоа е и најтешко да се преболи.

Неколку совети како да преминете преку неа и да се подготвите за нови предизвици кои носат среќа:

1. Сеќавање – Склони сме да се присетуваме на минатите времиња, но кога е љубовта во прашање сеќавањата болат. Веројатно ќе помислите дека полесно е да се каже отколку да се направи, но доколку навистина сакате да поминете преку поранешната врска, ќе се ангажирате на повеќе полиња и ќе немате „дупка“ во времето која ќе ве тера на размислување.

2. Време – Дајте си себе време за да ја преболите првата љубов. Овој совет се коси со првиот, но секако подеднакво е потребен за на вистински начин да ја преболите. Ова е неопходно да се направи за секоја неуспешна врска, зошто само така со отворено и чисто срце ќе влезете во нова.

3. Скршени емоции – Повредени сте и ви е потребно време да се кренете на нозе. Најлошото што можете да го направите е да скокнете веднаш во нова врска во надеж дека ќе ја заборавите претходната.

4. Совет од пријател – Првата љубов е голема работа и доколку страдате немојте да се колебате во барање на рамо за плачење. Сигурно ќе помислите дека никој не разбира како ви е и не можете со никој да ја поделите тагата, но тоа не е точно. Разговор со блиска личност – и ќе ви биде полесно.

5. Солзи – Плачењето е здраво кога се во прашање љубовните маки. Сигурно се’ и сешто се собрало што конечно се излева во вид на солени капки од вашите очи. Не срамете се, исплачете се!

6. Првата љубов не е и единствена – Само зошто сте се изгореле еднаш тоа не значи дека више никогаш нема да сакате. По раскинувањето, сигурно нема да ви падне нова слична врска на памет или толкава доза љубов да понудите, но не се форсирајте и не им ги затворајте вратите на новите предизвици.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска