Интернет порталот „Hollyscoop“ спроведе анкета во која своите читатели ги замолија да наведат кои делови од телото најмногу им се допаѓаат кај славните личности.
Врз основа на најчестите одговори, настана монтажата на „совршена“ убавица, составена од неколку познати дами. Сепак, се чини дека оваа виртуелна жена не би поминала добро на изборот за мис.
-„Совршена“ убавица би имала нозе и раце како на Џенифер Анистон, гради на Џенифер Лав Хјуит, стомак на Гвен Стефани, облини и коса на Софија Вергара, очи на Зои Дешанел, насмевка на Кејт Мидлтон, јаболкници на Меган Фокс, вилица на Викторија Бекам и нос на Скарлет Јохансон.