Некои луѓе едноставно денот го започнуваат дури по третата или четвртата испиена шоља кафе. И додека масовно брзаме да ја испиеме својата доза на кофеин за да се разбудиме, се испостави дека кафето не помага само во будење. Тоа му помага на мозокот да ги прифати и да обработи убавите зборови многу побрзо.
Кофеинот индиректно го стимулира преносот на допаминот, невротрансмитер кој помага во учењето.
Професорот Ларс Кучинк од Универзитетот Руј се сомнева дека поради овој факт би можеле побрзо да ги препознаеме зборовите, така што кофеинот ќе ја поттикне активноста во левата хемисфера од мозокот која го контролира јазикот.
Истражувачите веќе знаат дека луѓето кои во себе внесуваат нормални нивоа на кофеин имаат подобра когнитивна функција.
По завршувањето на експериментот научниците дошле до заклучок дека кофеинот ги зајакнува врските со делови од мозокот каде што се обработуваат позитивните информации, а потоа овие зборови се полесни и подостапни за препознавање.
“Или тоа или кофеинот едноставно ни го олеснува процесот на донесување одлуки”, вели професорот Кучинк.