Јужна Кореја: Паркинг места само за жени

Од:

Јужна Кореја воведе посебни паркинг места само за жени означени со розова боја и лик во здолниште, тврдејќи дека се работи за проект за заштита на безбедноста на жената, местата се нешто подолги и пошироки од стандардните, јавија корејските медиуми.

Главниот град на Јужна Кореја на програмата за поголема сигурност на жените ќе потроши околу сто милиони долари, а потегот на градските власти во Сеул критичарите веќе го прогласија за сексистички.

Дел од жените ја поздравија програмата затоа што вклучува означување на женски паркинг места во близина на влез во шопинг центрите или во близина на лифтови и скалила со подобро осветлување, така што ќе можат без страв да влезат во своите возила.

Розовите паркинг места се дел од проектот кој вклучува и градење на седум илјади исклучиво женски јавни тоалети и пешачки површина во Сеул, од сунѓераст материјал по кој лесно се оди во високи потпетици.

Местата за паркирање само за жени постојат и во Кина, Кувајт, Малезија, Индонезија и некои еврпски земји како Швајцарија, Германија и Австрија.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ