Јули беше најтоплиот месец откако се мери температурата на Земјата

Од:

Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според нив, тоа е дел од влошување на трендот поврзан со климатските промени.

„Јули е генерално најтоплиот месец во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на одделот.

Температурниот рекорд во јули е 0,02 степени над претходниот, измерен во 2016 година и повторен во 2019 година и 2020.

Статистиката се води веќе 142 години.

Би можело да ве интересира

Петок и сабота со летни температури, од недела дожд

Врнежливо со температури до 24 степени

Топло со температури до 22 степени

Слаб снег на планинските превои

Облачно со дожд, од утре сончево и потопло

Променливо облачно со повремен локален дожд

А1он