Девојчињата уште во основното училиште имаат искривена слика за своето тело и сметаат дека жените се проценуваат само врз основа на физичкиот изглед, а не врз основа на другите квалитети, што ги поседуваат.
Студијата спроведена во Велика Британија покажа дека дури 87 отсто од девојчињата на возраст меѓу 11 и 21 година сметат дека жените се проценуваат врз основа на изгледот, а секоја шеста барем еднаш не отишла во училиште затоа што не била задоволна од својот изглед во текот на денот.
Уште позагрижувачки е фактот дека секое петто девојче на возраст од 11 години веќе држело некоја диета.
Британско истражување покажа дека девојчињата самодовербата ја губат во најраната возраст, што ги прави многу ранливи, подложни на задевања и зоупотребувања, како и на депресија.
Многу често тие гледаат излез во многу ризичните стратегии, како што е поттикнување на повраќање по оброкот, злоупотреба на алкохол и дрога, но и исклучиво нездрава диета и пушење со цел „контролирање на апетитот“.
Ниската самодоверба е причина и за одбегнување на физичката активност, па 23 отсто од девојчињата на возраст меѓу седум и 21 година не вежбаат затоа што „не изгледаат убаво“, додека секое второ, не оди на физичко затоа што потењето „не е женствено“.