Јапонскиот град Кобе, по кој легендарниот кошаркар Коби Брајант е крстен, посебно жали за неговата трагична смрт, соопшти градоначалникот Кизо Хисамото.
Таткото на НБА-ѕвездата го крстил својот син според Кобе поради своите симпатии кон светски познатите говедски стекови, што се прават тука.
– Нашиот град имаше среќа да ги вкрсти патиштата со Коби Брајант, имајќи предвид дека татко му го крстил по нашиот град поради нашето телешко. Брајант и го посети Кобе 1998 година и ни дари добротворна помош (во врска со разурнувачкиот земјотрес во областа 1996, што однесе 6.434 жртви). Меѓу 2001 и 2011 година, тој стана амбасадор на градот и раскажуваше за нас по целиот свет. Коби Брајант беше светска суперѕвезда и секогаш имаше посебно место во срцето на луѓето од Кобе. Сакаме уште еднаш да ја изразиме својата благодарност си за сè што Коби Брајант направи за градов, како и сочувство за блиските, изјави Хисамото.
Поранешниот НБА-кошаркар Коби Брајант загина вчера во хеликоптерска несреќа заедно со уште осуммина. Милиони негови обожаватели жалат за нивната смрт.
„Не сакам да бидам следниот Мајкл Џордан, сакам да бидам наредниот Коби Брајант”, гласи една објави на Твитер, од некој на кого Коби му бил инспирација.