Јајце во срце од виршла – Генијална идеја

Од:

Еве нешто што дефинитивно ќе ви го задржи вниманието во кујната, приготвувајќи го за себе или некој кој сакате да го импресионирате. Јајце во срце од виршла. Супер е за појадок и вечера. Можеби изгледа комплицирано, но воопшто не е. Дефинитивно ќе ви испадне „од прва“.

Еве како да го направите:

Потребно е:
1 виршла
1 јајце
1 чепкалка за заби
сол, бибер
масло

virshla-jajce-srce1

Подготовка:
– Излупете ја виршлата, ако има мембрана.

– Засечете ја внимателно на два дела, притоа оставајќи го горниот дел незасечен.

-Потоа, засечените краеви превртете ги од другата страна, надолу за да се спојат и зацврстете ги со чепкалка.

– Во тавче обложено со хартија за печење ставете ја виршлата, намачкајте ја малку со масло и внатре, во празнината скршете го јајцето.

– Зачинете од горе со сол и бибер и ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 150 целзиусови степени, 5 до 7 минути.

– Кога ќе биде печено јајцето, извадете ја чепкалката и послужете.

Забелешка: Наместо да го печете јајцето во рерна, можете и да го испржите, заедно со виршлата, ако сакате да биде ровко.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски