Денес во јајцата има 25% помалку заситени масти, кои инаку се поврзуваат со болестите на срцето, отколку во 80-те, открило истражувањето на Британското Министерство за здравство.
Освен што содржат помалку заситени масти, јајцата имаат и помалку холестерол, помалку калории и побогати се со витамин Д во споредба со јајцата 30 години порано. Научниците тврдат дека јајцата се поздрави затоа што се променила храната за кокошките.