Конзумирањето на помали количества на чоколада може да ја намали шансата за добивање на срцев удар, се тврди во една нова студија.
Експертите тврдат дека конзумирањето на две до шест мали порции чоколадо неделно, ја намалува шансата од нерегуларна работа на срцето за 20 отсто.
До ваквиот заклучок тие дошле истражувајќи ја поврзаноста меѓу конзумирањето на чоколада и нерегуларната работа на срцето, проблем со кој се соочуваат 33,5 милиони луѓе во светот.
Експертите советуваат да се конзумираат производи со повисок процент на какао, кои се многу здрави и за протокот на крвта.
– Истражувањето покажа дека и мали количества на внес на какао можат да имаат позитивни ефекти врз здравјето, изјави раководителот на истражувачкиот тим Елизабет Мостофски од Медицинскиот факултет на „Харвард“.
Фибрилацијата на артериите е најчеста аритмија во општата популација која создава проблем на постари години, а најчесто ги погодува мажите. Предизвикува вртоглавица, останување без воздух и замор. Сето тоа го зголемува ризикот од срцев удар, заболување од деменција, а на крај може да доведе и до смрт.
Во истражувањето учествувале 55.502 лица на возраст од 50 до 64 години од Данска, каде се утврдени 3.346 случаи на фибрилација на артериите. Лица кои јаделе 28,35 грама чоколада неделно за 17 отсто го намалиле ризикот од фибрилација, за разлика од група која јадела помало количество еднаш неделно.
Важно е да се истакне дека многу поголеми количини на конзумирање на чоколада не давале подобри резултати.