Ја тестирале чесноста на гостите, за пиво платиле само 20 проценти

Од:

Персоналот на еден пансион во словачкото место Тренчин, се обидел да ја тестира чесноста на гостите оставајќи им можност сами да си наточат пиво и да остават пари за истото, јави дописникот на МИА од Прага.

– Овој тест го повторуваме постојано и луѓето го знаат. Пред две години пиво украдоа 10 -12 проценти од посетителите. Оваа година, за жал, мораме да заклучиме дека чесноста на луѓето опаднала, пивото не го платија 20 проценти од гостите, напиша раководството на пансионот на една од социјалните мрежи.

Сепак тие не планираат да се откажат од експериментот и покрај тоа што резултатите се влошуваат.

– Веруваме, дека луѓето се подобри или пак дека ќе ги смениме. Можеби, тие што денеска украдоа пиво, ќе се замислат за себе и ќе го сменат својот став кон туѓите работи, треба да им дадеме шанса, сметаат овие ентузијасти.

Во дискусиите кои се отворија на Интернет се споменува дека можна причина за „неплаќањето“ на испиеното пиво е тоа што некому му се чинело дека цената од 1,2 евра за чаша е многу или пак дека некои од потрошувачите немале доволно ситни пари па оставиле онолку колку што имале.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините