Изразот „Те сакам“ го подобрува вашето здравје и благосостојба

Од:

Истражувањата говорат дека над 50 отсто од двојките кои се во врска од две до пет години, си велат „Те сакам“ барем еднаш дневно. Сепак, по десетата заедничка година, тој број се намалува на 33 отсто и помалку…

Но, психолозите велат дека луѓето не треба да се откажуваат од оваа навика, заради успешна и подолготрајна врска.

– Тие два збора – „Те сакам“ се како кислород и храна за врската. Ја одржуваат во живот. Со многу малку напор, добивате многу, вели психологот Лиса Аранго.

Според неа, тоа ја зголемува меѓусебната доверба и ја подобрува општата благосостојба во домот.

– Изразувањето љубов во кој било облик, е корисно за вашето здравје. Секогаш кога даваме и примаме љубов, нашите тела го лачат хормонот окситоцин којшто нѐ прави посреќни и ни помага во справувањето со стресот, смета психологот.

Подарувањето, давањето комплименти и предизвикувањето насмевки кај партнерот /-ката ќе Ве усреќи подеднакво како тоа Вам да Ви се случува.

Затоа, ако некого сакате, кажете им дека ги сакате. Така и Вие, а и тој/таа ќе бидете посреќни.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска