Издавачот „Феникс“ распиша конкурс за македонски есеи

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ распиша конкурс за македонски есеи на слободна тема. Од  есеите што ќе бидат избрани, ќе биде објавена Антологија на македонски есеи, што ќе ја подготви доц. д-р  Христо Петрески.

– Целта на конкурсот е да се афирмира и презентира македонскиот есеј со сите негови специфики и вредности. Право на учество имаат автори од сите генерации. На тематско-мотивски и изразно-стилски план нема никакви ограничувања, напротив, пожелни се сите содржини, искази и форми. Секој автор може да испрати повеќе есеи, а обемот на есеите да не биде поголем од пет страници, соопшти „Феникс“.

Конкурсот ќе трае до 20 февруари. Есеите треба да се доставуваат по електронски пат на адресата на „Феникс“: [email protected].

Антологијата на македонски есеи ќе излезе од печат во првата половина од 2013 година и ќе биде промовирана на саемот на книгата во Скопје.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ