Италијански фестивал во Скопје

Од:

Курс за вљубеници во италијанската кујна, практична обука за професионални готвачи, презентација на италијански производи, модна ревија со италијански дизајнери, семинар за технологија за винска индустрија…

Тоа се дел од содржините на  првиот Италијански фестивал, што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на  Канцеларијата за економска соработка  при Амбасадата на Италија во Македонија денеска во Скопје ќе се одржи .

Пораката на фестивалот е „Почувствувајте ја Италија со сите ваши сетила“.  Италијанскиот фестивал е традиционална манифестација која ја организира ИЧЕ – Агенција на италијанската Влада за промоција на економската соработка, во различни земји во светот. Целта е промоција на италијански производи, италијанска култура и животен стил.

Главен партнер за организација на фестивалот е АЛМА, Меѓународната академија за италијанска кујна и најценетиот образовен институт за италијанска кујна во светот. Основана е во 2004 година од Маестро Гуалтиеро Маркези, основоположник на современото италијанско кулинарство.

Програмата на фестивалот вклучува вечери на италијанската кујна со гостување на шеф Кристијан Броља во скопските ресторани Воденица, Џино и Пелистер. Курс за љубители на италијанската кујна ќе се одржи на 15 јуни во средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје, а на 21 и 22 јуни ќе има презентација на италијански прехранбени производи и пијалоци во Веро центар.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава