Италијанската пица до сега важеше за најдобра во светот. Па се до сега. Официјално, сега најдобра е австралиската пица.
На светкиот натпревар за најдобра пица во светот одржан минатиот викенд во Парма во Италија, наградата за најдобра маргарита отиде во рацете на австралискиот пица мајстор Џони Ди Франческо, сопственик на ресторан во предградието на Мелбурн.
Ди Франческо (36) победи во силната конкуренција од 600 натпреварувачи од 35 земји од светот и ја освои наградата Specialita Traditionale Garantita pizza.
Благодарејќи на тоа што победи, неговиот мал ресторан преку ноќ стана многу славен.
– Реакциите се неверојатни. Не мислев дека се вака ќе се случи. На натпреварот отидов за да го правам тоа што го сакам. Не ни помислував дека сето тоа ќе доведе до ова. Многу луѓе мислат дека е најлесно да се направи маргарита, но тоа е една од најтешките пици за правење, рече Ди Франческо за Си-Ен-Ен, додавајќи дека не планира да ја зголеми цената на маргаритатата во неговиот рестоарн, а таа изнесува 19,3 долари.
Истакна дека кај другите пици со зачини и додатоци може „сокрие“ нешто кога нешто ќе се погреши, но кај маргаритите тоа е невозможно и во вкусот веднаш се чувствува ако нешто не е во ред.
Токму поради тоа на натпреварот било дозволено единствено на врвот на пицата да се стават малку излупени домати, одредени видови моцарела сирење, лук, маслиново масло, сол и свеж босилок.