ИТ-ИН Тера Мадре во Скопската чаршија

Од:

Планински чаеви за стоплување на случајните минувачи, како и дегустација на повеќе видови мармалад и слатко, ќе понуди манифестацијата ИТ-ИН Тера Мадре што ќе се одржи денеска во Скопската чаршија.

Настанот го организира Слоу Фуд Млади – Македонија по повод интернационалниот Тера Мадре Ден 2016 со цел да ги вклучи младите во заедничка акција за зачувување на традиционлната храна и локалните рецепти.

– Основната цел на настанот е промовирање на традиционалната храна меѓу младите и нејзиното зачувување. Исто така, преку делењето храна се овозможува и поврзување на младите од сите националности и религии. Слоу Фуд Млади Македонија на овој начин го потикнува младинското активирање и директно ги покренува прашањата поврзани со системот на храна, велат организаторите.

На штандот што ќе биде поставен на платото кај влезот на Старата чаршија, минувачите, покрај дегустирање, прв пат ќе имаат можност и да купат дел од производите што ги промовира Слоу Фуд, а не се достапни на друго место.

Слоу Фуд Млади – Македонија е организација која работи во рамки и согласно филозофијата и принципите на Слоу Фоод. Се залага за едукација, заштита и промоција на храната. – Со заеднички сили да се бориме за еколошки чиста и здрава храна за сите, произведена на локален, традиционален начин, е мотото на Слоу Фуд Млади – Македонија.

Интернационалниот Тера Мадре Ден годинава е посветен на кампањата на Слоу Фуд „Сакај ја Земјата, брани ја иднината“.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава