Психолози од холандскиот Универзитет во Гронинген тврдат дека љубовта на прв поглед е лажна.
Тие спровеле експеримент со 392 лица, претежно студенти од Германија и Холандија, при што 60 отсто од испитаниците биле девојки. Тие требало прво да кажат дали некој со некого се познава и дали некогаш искусиле љубов на прв поглед, по што следело разгледување фотографии од лица кои никогаш не ги сретнале.
Потоа научниците побарале од испитаниците да ги опишат моментните чувства и да ги оценат „според длабочината“.
Потоа следеле неколку „брзи средби” меѓу оние кои ги гледале сликите и оние на сликите.
Во наредната фаза, оние првите биле прашани да објаснат дали запознавањето нешто променило во однос на таа личност. Бројките говорат дека кај 32 испитаници во 49 случаи се појавило чувството на „љубов на прв поглед”, но по брзите средби, таа не се покажала взаемна.
Така, заклучокот на психолозите е дека – љубовта на прв поглед нема ништо со вистинската љубов. А, она што луѓето го опишуваат како такво, е всушност само „наплив на страсти“.