Истражување: „Фејсбук“ го расипува расположението и работните вештини

Од:

Научен тим од Универзитетот Лас Америка во Еквадор, тврди дека намалувањето на користењето на „Фејсбук“ ги прави луѓето помалку тажни, но и „поситуирани“.

Во експериментот под водство на економистот Роберто Москара, учествувале 1.765 корисници на социјалната мрежа, студенти на Универзитетот на Тексас. Тие беа поделени во две групи. Првата имала задача да продолжи да го користи „Фејсбук“ цела недела, а втората – да запре.

Истражувачите откриле дека оние кои успеале „да се откажат“ од „Фејсбук“, си ја подобриле продуктивноста и работните вештини и не се чувствувале веќе така депримирани, во однос на втората група. Првите, исто така, прават помалку погрешни потези, јадат помалку и читаат помалку вести.

Доброволците пред експериментот и потоа биле прашани – колку пари сакаат да добијат како надомест за „принудното исклучување“ од „Фејсбук“? Во просек, првичната барана сума била 67 долари, но по една недела таа се зголемила за скоро 20 отсто. Зголемувањето се должи на зависноста на луѓето од „Фејсбук“, истакнуваат стручните лица.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум