Можно е луѓето кои неутешно страдаат поради згасната љубов да имаат и биолошки, односно медицински причини поради болката. Ново истражување покажува дека во такви случаи во мозокот, љубовните маки дејствуваат на начин како и зависноста, пишува „Лајвсаенс“.
Кога мажите и жените со „скршени срца“ гледаат фотографии од поранешните партнери им се активираат деловите на мозокот поврзани со задоволството и зависноста, контрола на чувствата, физичката болка и тагата, покажало истражувањето. Тоа објаснува зото во некои екстремни случаи, луѓе посегнуваат и по својот живот.
– Љубовта е зависност. Тоа е силна, убаваа зависност кога се оди добро, но ужасна – кога работите ќе тргнат удолу, вели авторката на трудот Хелен Фишер, биолог-антрополог од Универзитетот Рутгерс. Фишер додава дека ова е поврзано со еволуцијата.
– Тие делови од мозокот се развиле пред милиони години, за нашите предци да бидат способни да се фокусираат на само една личност, доколку тоа е потребно, на пример – при процесот на размножување, додава антропологот. „Кога вашата љубов е невозвратена, ја губите најголемата награда во животот, а тоа е партнер за создавање потомство“.
Во трудот уште се сугерира дека лекот за таа загуба не е тагување во тишина, во себе, туку разговорот, кој може да има и терапевтско дејство.