Старите велат: Некогаш лекот чини 5 пари, но треба да го знаеме. Наместо да одите по скапи салони, разубавете се дома со сода бикарбона.
Лице- Помешајте сода бикарбона со вода и со нежни движења масирајте го лицето. Така ќе направите благ и ефикасен пилинг, а доколку имате и мозолчиња за кратко време ќе снема.
Коса- Направете си сами одличен и ефективен шампон за коса со тоа што во едно шишенце шампон ќе додадете една четвртина сода бикарбона. Содата треба да ја додадете во провиден, а не во кремаст шампон.
Тело- Содата може да ви помогне да имате мека кожа на целото тело. Потребна ви е топла купка во која ќе ја растворите сода бикарбоната.