Независното студио ИО Интерактив соопшти дека работат на новото продолжение на видео играта Хитмен.
Во писменото известување, директорот на студиото кое скоро се одвои од компанијата Сквер Еникс, Хакан Абрак вели дека и натаму работат на играта за ќелавиот платен убиец, којашто досега има над седум милиони приврзаници.
– Сакаме да Ве известам дека одлично напредуваме и имаме нови елементи и првенци во серијалот, поради што едвај чекаме се да Ви раскажеме. Ќе морате да почекате уште малку, зашто повеќе детали ќе откриеме наредната година, стои во соопштението.